Медиумите во Босна и Херцеговина објавија снимка направена пред супермаркет во Зеница, каде што маж и жена денеска физички се пресметале поради вреќа башно.
Како што пишува „Аваз“, сè се случило во населбата Мокушница во Зеница кога расправијата што почнала меѓу маж и жена во маркет, завршила со физичка пресметка.
Вработените во супермаркетот го снимиле целиот инцидент, а видеото од тепачката за вреќата брашно сега кружи на интернет и во медиумите.
Не е познато дали полицијата реагирала во врска со оваа ситуација и пристигнала на местото на настанот.