Кајли Миног наскоро ќе лансира вино кое го носи нејзиното име

Хитмејкерката на The Loco-motion сака да добие вино со нејзиното име, и планира тоа да се појави на рафтовите навреме за сезоната на забави, пишува британскиот таблоид The Sun.

Кајли Миног е во преговори со повеќе светски производители на вино со надеж дека ќе најде совршен вкус.

Британскиот таблоид цитира извор близок до пејачката: „Кајли веќе со години има идеја да има сопствен асортиман на вино, но сега идејата конечно доаѓа во фаза на реализација. Таа работи со својот тим и е во дискусии со сопственици на лозови насади и винарии за да најде совршени вина“.

„Кајли има голем број на возрасни фанови и сака да го стави своето име на вино кое е софистицирано, но забавно, исто како и неа. Таа веќе извесно време работи на тоа, но се надева дека конечно ќе успее да го лансира подоцна оваа година, како посластица за сите нејзини фанови,“ вели изворот.

 

Виното не е единственото нешто на што се фокусира 51-годишната поп-ѕвезда во моментот. Таа исто така е зафатена со работа на нова музика со текстописците на британскиот женски бенд „Литл Микс“.

Кајли се здружи со Меган Котон – која стои зад некои од најдобрите песни на бендот, како што се Move и Salute – со цел да излезе со нови песни.

Треба да знаете
Последни објави