Во интервју за српската државна телевизија, докторот Бранимир Несторовиќ изјави дека речиси 70 проценти од луѓето се очекува да бидат заразени со коронавирусот и дека врвот на епидемијата допрва се очекува.
„Србија е во третата недела од епидемијата и засега добро се држиме“, вели Несторовиќ.
На прашањето дали бремените жени се заштитени од коронавирусот, тој наведува дека повеќето од нив не чувствуваат тегоби, дури и кога се заразени.
„Повеќето заразени луѓе речиси и да немаат тегоби, тоа е голем проблем“, додава тој.
Несторовиќ оценува дека ситуацијата не треба да се сфаќа несериозно бидејќи земјата е на почетокот на критична фаза.
„Ако в понеделник ситуацијата е слична на сегашната, можеме да кажеме дека најлошата фаза е зад нас“, смета докотрот.
На прашањето што се случува со луѓето што првин добиле негативен тест, а потоа е утврдено дека се позитивни на коронавирусот, Несторовиќ објаснил дека ниту еден тест не е 100 отсто точен.