Во Скопската зоолошка градина вчера се роди првото машко бебе – лемур оваа година.
Портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска, вели дека мајката и останатите лемури цело време се грижат за него.
– Интерно, меѓу нас се шегуваме дека бебето ќе се вика Младен, бидејќи се роди два дена по Младенци – изјави Мицковска.
Таа вели дека во овој период, секоја година добиваат по околу седум до осум бебиња.
– Лемурите најчесто се пораѓаат кон крајот на март и април, а кај нив владее матријархат, што значи дека сите женки подеднакво се грижат за малите бебиња и си помагаат – потенцира Мицковска.
Лемурите се распространети во Мадагаскар и живеат во суви отворени предели, шуми. Се хранат со растителна храна (плодови, листови, цветови). Тие се долги од 38 до 45 сантиметри, додека нивниот опаш е од 55 до 62 сантиметри. Инаку, нивната тежина е 3,5 килограми.