Во текот на ноќта регистрирани се два нови смртни случаи од коронавирусот во Србија со што бројката на починати се искачи на шест. Последните две жртви се маж на 80 години и 62-годишна жена.
Починатиот маж бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести и во последните неколку дена бил на респиратор. Боледувал и од неколку болести претходно. Жената од Ниш, која исто така била на респиратор, имала неколку хронични заболувања.
Вкупниот број на заразени во Србија се искачи на 384 лица, а излечени досега се 15. Најголемите жаришта се во Белград, Ваљево и Ниш.