Лара Флин Бојл не смее да излезе на улица без качкет

Поранешната холивудска убавица Лара Флин Бојл (50), позната по улогата во „Твин Пикс“, е толку деформирана во лицето што повеќе не личи на себе.

Некогаш симпатичната тинејџерка, денес не смее да го напушти домот без очила или качкет, а покрај пластичните операции, ја уништи и прекумерното пиење алкохол.

Дури во една пригода папараците ја фотографираа како среде бел ден во автомобил, со качкет на главата, пие алкохол од шише.

Последната своја улога ја одигра во 2014 година во семејната комедија Lucky Dog, каде што кратко се појави. Бојл е позната и по својата турбулентна врска со Џек Николсон, а од 2006 година е во брак со продавачот на недвижности, Доналд Реј Томас.

Треба да знаете
Последни објави