Путин забранил странците да купуваат земjиште на Крим и во Калининград

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал указ со кој им се забранува на странците да купуваат земјиште на територијата на Крим и во Астраханскиот и Калининградскиот Регион, пренесува „Спутник“.

Со указот на рускиот претседател, Република Крим и градот Севастопол се вклучени на списокот погранични територии во кои странските физички и правни лица не можат да купат земјиште.

Крим стана дел од Русија во март 2014 година по референдумот на кој граѓаните на полуостровот со огромно мнозинство изразија желба да станат дел од Русија.

Треба да знаете
Последни објави