(Видео) Аријана Гранде ветува нова музика ако луѓето останат дома

Аријана Гранде сподели дел од нова песна и вети дека ќе следат многу други доколку нејзините фанови останат дома за време на кризата со коронавирус.

Американската поп-ѕвезда и текстописец која највеќе се прослави со големиот хит 7 Rings синоќа на социјалните мрежи сподели клип од 45 секунди од неименуваната песна и ги потсети нејзините фанови, Аријанатори, дека со тоа што ќе останат во самоизолација помагаат да се израмни кривата на вирусот, што значи дека ќе може се врати назад во студиото многу побрзо.

26-годишната пејачка објави пост на Инстаграм и Твитер во кој напиша: „Ми недостасува да правам нешто. Едвај чекам да се вратам на работа, но за сега да останеме дома pls.“

Треба да знаете
Последни објави