Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„Граѓаните гледаат како СДСМ бесрамно профитира додека Македонија се соочува со пандемијата. Вистина е дека само за четири дена платени се 8 милиони денари од власта за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.
Вистина е дека не се штедело ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Потрошени се 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.
Вистина е дека Владата на Република Македонија предводена од СДСМ цели три години го лаже народот дека државата блеска и дека се е во најдобар ред, а по само три седмици од појавувањето на коронавирусот, македонската економија доживеа колапс.
Вистина е дека додека здравствените работници се соочуваат со огромни недостатоци на медицински препарати кои се потребни за секојдневно функционирање во битката со коронавирусот како респиратори, маски и ракавици, а Зоран Заев сака да ги скрати платите на работниците кои едвај го поминуваат месецот.
Вистината од далеку се препознава и не може да се сокрие. За сите лаги и криминали СДСМ ќе одговара пред граѓаните на Република Македонија.