Кинезите успешно лекувале пациенти заразени со коронавирус со помош на матични клетки

Кинеските експерти вчера објавија дека против коронавирусот, меѓу другото, се бореле и со матични клетки. Матичните клетки можат да им помогнат на пациентите кои се во критична состојба, велат тие.

„Матичните клетки помагаат да се олесни состојбата на овие пациенти и тие да преживеат“ рече д-р Џихан Абазовиќ, потпретседател на Здружението СЕЕБРА.

Тој додаде дека во јануари Кинезите започнале со употреба на матични клетки за борба против коронавирусот и виделе дека тоа носи успех. Во трудот што тие сега го објавија споменати се само седум пациенти на кои користеле матични клетки, но овој број е многу поголем.

Кинеските лекари започнале да лекуваат пациенти со матични клетки кога ги исцрпиле сите други опции, и тоа кај најтешко болните, кога виделе дека немаат успех со конвенционалниот начин на лекување.

„Овие пациенти беа излекувани“, вели Абазовиќ.

Тој објаснува дека матичните клетки не можат да го убијат вирусот и дека терапијата не може да се примени сè додека не се развие клиничка слика.

Треба да знаете
Последни објави