МНР: Организирано враќање на 132 македонски државјани од Црна Гора, Словенија и Турција

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово (вторник, 24 март 2020 г.) организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја,  со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово (четврток, 26 март 2020 г.) организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја,  со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.

Треба да знаете
Последни објави