) – Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека мерките за ограничено движење ќе бидат продолжени до 15 април, јави дописникот на МИА.
По десет дена ограничено движење за Французите, „јасно е дека ние сме на почетокот на бранот од епидемијата”, објасни Едуар Филип. Тој притоа подвлече дека ќе продолжат да се спроведуваат истите мерки, како и досега.
Во случај ако „здравствената ситуација тоа го побара, може повторно да бидат продолжени овие мерки, додаде францускиот премиер.