Во Хрватска е регистрирано 56 новозаразени од коронавирусот по што вкупната бројка во земјата се искачи на 551 лице. Три лица починаа, а 37 се излечени. Тоа е билансот во хрватска во справувањето со пандемијата од коронавирусот, соопшти утрово Националниот штаб за цивилна заштита.
-Имаме 56 ново заразени. Продолжуваме во фаза на линеарено зголемување на инфицираните лица што засега во оваа битка е добро – изјави министерот за здравство Вили Берош.
Просечната старост на заболените лица во хрватска е 48,02 години. меѓу заразените шест одсто се жени. Процентот на болни над 60 години е 25 одсто. осум лице се приклучени на респираторни машини.