Постојат повеќе тврдења за тоа кој е првиот пациент заболен со коронавирус во Кина, од каде се прошири пандемијата на смртоносниот вирус. „Дејли мејл“ пишува дека првото заразено лице со коронавирус е 57-годишната Веи Гуишиан, продавачка на свежи шкампи на пазар во кинескиот град Вухан.
Британскиот весник пишува на основа на увидот во доверливите документи до кои дошле кинески медиуми, кои наведуваат дека Веи живеела во изнајмен стан, кој бил оддалечен од пазарот помалку од 500 метри, а покачена температура добила на 11 декември минатата година. Мислејќи дека е сезонски грип таа по совет на лекар отишла во мала клиника полна со пациенти. Инекциите кои ги примила не и` помогнале.
„Секоја година заболувам од грип, така што помислив дека повторно е грип во прашање. Се чувствував уште полошо, малаксано, без сила“ рекла Веи за шангајски весник. Таа на 16 декември отишла во најголемата болница во Вухан за да се утврди причината на болеста. Лекарот во болницата и` рекол дека болеста од која боледува е „немилосрдна“ и дека примиле повеќе пациенти, кои биле на пазарот во Хуанан, со слични симптоми.
Според изјавата на Совето за јавно здравје во Вухан, објавена на 31 декември минатата година, Веи е еден од првите 27 пациенти на кои им бил дијагностициран Ковид-19. Меѓу тие 27 пациенти, 24 биле поврзани со пазарот на кој се продаваат домашни и диви животни. Во изјавата се кажува дека не се пронајдени докази дека коронавирусот се пренесува од човек на човек.
Но, иако Веи е првата личност на пазарот во Хуанан кај која е утврдена заразата со коронавирус, како прв пациент се наведува 70-годишен пензионер кој е неподвижен во кревет. Тој ги почувствувал симптомите на 1 декември, а претходно не бил во контакт со пазарот од каде почна да се шири смртоносниот вирус. Друг кинески весник пак пишува дека доверливи информации на владата покажуваат дека на 17 ноември била идентификувана првата личност на која и` бил дијагностициран ковид -19.
Седум недели подоцна кинеските власти објавија дека откриле нов вирус. Воведоа карантин во одделни градови дури по два месеци откако беше препознат првиот пациент. Необјавени докуемтни покажуваат дека кинеските власти пред 31 декември биле идентификувани најмалку 266 лица, кои се заразиле со коронавирус. Во тоа време локалните власти во Вухан казниле група лекари кои сакале да предупредат на болеста која потсетува на САРС.
Пекинг ги отфрли тврдењата дека Вухан е извор на пандемијата, а лидерот на тимот експерти за здравствена криза минатата недела, таквите тврдења ги нарече неодговорни.