Како и во многу земји погодени од коронавирусот, луѓето во Велика Британија решија да им оддадат почит на оние кои беа на првата линија за време на пандемијата, па во точно предвиденото време тие ракоплескаа сакајќи со тој мал гест да им дадат дополнителна сила.
https://www.instagram.com/p/B-NZ0tSFc0X/?utm_source=ig_web_copy_link
Кралското семејство не е исклучок. Од официјалниот профил на војводата и војвотката од Кембриџ, објавено е снимка на која ракоплескаат сите три деца на принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38).
„За сите лекари, медицински сестри, старатели, фармацевти, волонтери и други здравствени работници кои неуморно работат за да им помогнат на оние кои се погодени од вирусот Ковид-19. Ви благодарам“, стои во официјалното соопштение.
#ClapForOurCarers #ClapforNHS from Windsor Castle!
👏👏👏 pic.twitter.com/gbk4c3FgjH
— The Royal Family (@RoyalFamily) March 26, 2020
Принцот Џорџ (6), принцезата Шарлота (4) и принцот Луис (1) ракоплескаа, а кралицата Елизабета Втора (93) го поддржа движењето со фанфари од нејзиниот замок Виндзор, каде што е изолирана.