–Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, објави дека во Франција досега имало 1.995 смртни случаи од „Ковид-19″, од кои 299 смртни случаи во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.
Покрај тоа, 32.964 случаи биле потврдени со тестот ПЦР. Податоците од 623 здравствени установи укажуваат на тоа дека 15.732 лица се хоспитализирани за инфекција со Ковид, додека 3.787 се на интензивна нега во сериозна состојба.
Една третина од хоспитализирани пациенти се помлади од 60 години, 42 се помлади од 30 години. Покрај тоа, 85 отсто од смртните случаи се на возраст над 70 години. Бројот на излекувани е 5700.
Вчера имало 3.788 посети на урегнетно за лица за кои се сомнева дека имаат коронавирус, исто така, имало 1.384 интервенции од страна на докторите на СОС-доктори.
Според Генералниот директор за здравство, 5 отсто од луѓето со коронавирус се хоспитализирани.
-Набљудуваниот број на смртни случаи во 12-та недела од пандемијата станува значително поголем со вишок на смртност од 6 отсто, додаде тој, повикувајќи се на бројките на Националниот институт за статистика.