Партијата на пензионери се откажува од државните финансиски средства

Искажувајќи високо ниво на општествена одговорност, во овие тешки моменти за Здравствениот систем и економијата во државата, а во знак на солидарност, Партијата на пензионери доброволно  се откажува од финансиските средства, кои треба да ги добие од државниот буџет до крајот на оваа година. Со овој гест, ПП сака со личен пример да даде свој скромен придонес во надминување на претстоечката тешка финансиска положба на Фондот за здрваство.

Партијата на пензионери цени дека, во време на непредвидливо ширење на Корона вирусот KOVID – 19, врвен приоритет на државата е заштита на животот и здравјето на луѓето.

Имајќи во предвид дека, пензионерите и другите маргинализирани општествени групи се најзагрозени од епидемијата на Корона вирусот, Партијата на пензионери апелира до сите општествени чинители, кои се во можност, да искажат свој гест на хуманост и солидарност и да помогнат на најзагрозените лица во државата.

Партијата на пензионери, во оваа прилика, ги информира граѓаните и своето членство дека партиските функционери и членовите на раководните органи во ПП, уште од основањето на партијата, не примале и не примаат никави финасиски средства како надомест за обавување на своите функции, или извршување на партиски активности, односно сите активности во ПП се волонтерски и самофинансирани со лични средства.

Партијата на пензионери ја користи оваа прилика да упати апел до сите граѓани, политички партии, невладини организации, медиуми и други субјекти, во овој тежот период, да престанат со дефетистичко однесување и ширење на лажни вести, бидејќи само на тој начин можат да придонесат во надминување на кризата. Во тој контекст, повикуваме да ги следиме и почитуваме мерките и активностите што ги превзема Владата и другите државни органи, а партиските кампањи да ги оставиме за други времиња.

Треба да знаете
Последни објави