На 26.03.2020 во 17.56 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(29) од Битола, удрило во пешакот Е.И.(45) од Битола.
Во незгодата Е.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.