Репатријација на 169 македонски граѓани од Хрватска во организација на МНР

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.

Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија, понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата.

Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  беа превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство.

 

Треба да знаете
Последни објави