– Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 585 илјади луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 26.827, а оздравеле 131.428 лица.
– Бројот на заразени со коронавирусот во Унгарија се зголеми на 300, објавено е на веб-страницата на унгарската Влада. Бројот на оздравени се зголеми од 28 на 34.
– Во БиХ денеска има регистрирани 39 нови случаи на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на позитивни достигна 230.
– Во Црна Гора се регистрирани уште пет случаи на Ковид-19, па вкупниот број достигна 75. Во земјата има 6.278 лица под медицински и санитарен надзор.
– Во Хрватска денеска е најлош ден досега со 91 новозаразен. Вкупниот број достигна 551 инфицирани.
– Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо предупреди дека ситуацијата во оваа американска држава е алармантна.
– Кина ги затвори границите за повеќето странци, регистриран и нов случај на локална зараза.
– И Шведска воведе построги мерки во борбата против ширењето на коронавирусот.
– Индиските власти во државата Пунџаб ставија во карантин околу 40.000 локални жители од 20 села, по смертта на 70-годишен маж заразен со коронавирус.
– Аргентина ги затвори границите поради Ковид-19.
– Властите во Северна Ирска планираат повторно да ги отворат продавниците за алкохол.