Домаќинствата во Србија потрошиле речиси две милијарди динари за помалку од три недели за да купат залихи во страв од пандемијата, објави „Политика”.
Регистрирано е зголемувањето на потрошувачката од 20 проценти и најголемо учество на пазарот имаа големите синџири за трговија, додека уделот на малите продавници е намален.
Во Србија, за време на пандемијата, најмногу се купуваат брашно, шеќер и тоалетна хартија, а најголем број клиенти се претежно постари домаќинства, соопшти ГфК компанија за истражување на пазарот.
Истражувањето анализирало 32 милиона набавки помеѓу 24 февруари и 15 март.
Купувачите од Белград и Војводина потрошиле малку повеќе на залихи отколку домаќинствата во источна и јужна Србија.