– На 10 отсто е утврдена највисоката трговска маржа за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо со аргуми, а до 15 отсто во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа на стоките ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба, а влезе на сила од вчера.
-Во „Службен весник на РСМ” бр. 79/20 е објавена измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, информира Економско правен консалтинг ФВ.
Највисоката трговска маржа за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо, како што истакнуваат тие, се утврдува во вкупен износ до 10 отсто, односно до 15 отсто во трговијата на мало и ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба.
Оваа одлука влезе во сила на 26 март 2020 година.