Не треба да има никаков сомнеж во бројките за заразени, не криеме апсолутно ништо и тие се податоците кои се испраќаат во Светската здравствена органзација, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
-Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на бројот на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално, но ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има раст. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и сме целосно во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Терапијата е веќе аплицирана кај пациенти кај кои е индицирана согласно анализите од нивното ЕКГ. Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции. На Инфективната клиника во моментов се третирани 41 пациент, а седумина се во потешка состојба но не им е потребна помош од респиратор, но не се на респиратор, 27 се со средно-тешки симптоми и 7 се со поблаги симптоми. Стабилна е и состојбата на пациентите во Штип. Од Центатор за рехабилиација во Козле, каде беше заразениот од Тетово се замени уште 18 теста па по направените тестови ќе се одреди како ќе работи Центарот. Заболениот на Клиниката за кардиологија добил симптоми на рабтното место, тој бил во резерва. Ова е случка во делот на ангиосалата каде нема лежечки пациенти туку пациенти доаѓаат само за интевервенција на срцето. Во тој дел лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени заради тоа што таква е технологијата на работа. Но, доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека и претходно има симптоми ќе следат најстроги санкции, рече Филипче.
Според него, 17 здравствени работници се заразени, но никој не криел дека е болен и го добиле вирусот не знаејќи комуницирајќи со заразени.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)