Видео: Принцот Чарлс излезе во јавност

Принцот Чарлс се огласи за прв пат откако беше дијагностициран со коронавирусот. Објавено е видео на кое, виртуелно, им се придружи на илјадниците луѓе ширум Британија кои ракоплескаа во чест на медицинскиот персонал.

Принцот Чарлс засега има само благи симптоми и се чувствува добро.Неговата сопруга се тестирала и не е заразена. Чарлс и Камила сега се наоѓаат во самоизолација во дворецот Балмор.

https://www.instagram.com/p/B-PNTNLHZ3O/?utm_source=ig_web_copy_link

Треба да знаете
Последни објави