Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
Мерките на СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија.
Не е солидарност кога својата неспособност владата ќе сака да ја наплати врз грбот на работниците.
Не е солидарност да се крати плата на работниците, а тие со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.
Не е солидарност кога министрите и директорите кои претходно земале 3 или 4 пати поголема плата ќе рече Заев дека треба да „стиснат заби“ заедно со работниците и да земат минимална плата. Првиве имаат залихи, вторите секој месец им е борба за преживување.
ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се доцни со мерките во стопанството, а Заев вели дека проактивно делувал. Од таквото негово делување 10 илјади работници за една недела престанаа да одат на работа.
Заев треба да го повлече предлогот за драстично кратење на платите, и да се фокусира владата кон мерки кои ќе дадат резултати.
Треба да се заштити здравјето, но и стандардот на граѓаните.