Околу 10.000 до 15.000 регистрирани лица, кои биле во контакт со пациенти заразени со коронавирусот, се ставени под медицински надзор, изјави денеска шефицата на Руската санитарна служба, Ана Попова.
– Од 15.000 лица кои ги надгледувавме, 10.000 остануваат под надзор, додека 5.000 успешно го поминаа овој период. Тие се тестирани и се целосно здрави, рече Попова.
Таа додаде дека Русија го смени алгоритамот на откривање на вирусот и дека го зголеми бројот на лаборатории кои вршат тестови.
Во Русија има 1.036 заразени со Ковид-19, три смртни случаи, додека 45 лица се излекувани.