Францускиот премиер Едуар Филип предупреди на „крајно големиот бран” на епидемијата на коронавирус, кој „се нафрла на Франција”, предвидувајќи дека „ситуацијата ќе биде тешка во наредните денови”, јави дописникот на МИА.
-Ние се сместуваме во криза што ќе трае, во здравствена ситуација што нема брзо да се подобри. Ние ќе мора да издржиме” побара од премиерот по видео конференцијата со целата влада во Меѓуминистерската кризна ќелија инсталиран во Министерството за внатрешни работи.
Француската влада денес повторно ќе се состани, за да ги донесе последните пет одредби на законот за вонредна здравствена состојба,се вели од Елисејската палата. Советот на министрите, минатата среда веќе донесе 25 одредби, рекорд од 1958 година, но тој немал време да ги испита овие последни текстови затоа што Емануел Макрон морал да замине во Мулуз, каде ситуацијата е крајно загрижувачка со епидемијата на коронавирусот.
Овие наредби се однесуваат на судскиот третман на тешкотиите на претпријатијата, делумна активност, организирање на испитите и конкурсите, закон што се применува за работењето на јавните установи и колегијалните административни органи, како и на исклучителната помош за правата на автори и соседните права погодени од кризата.