Грчките власти, доцна синоќа забележаа чекори за празнење на импровизираниот камп кај Кастањес, пишува утрово грчкиот весник „Катимерини” и додава дека мигрантите насобрани на турска страна на границата со Грција, полека си заминуваат и масовно со автобуси се враќаат кон Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина
Според информации на весникот, целата таа раздвиженост била организирана од турските власти.
Кусо по полноќ, мигрантите започнале да ги пренесуваат шаторите и останатите предмети кон шумата, а подоцна и ги запалиле.
-Според извори од Генералштабот на армијата се задржува највисокото ниво на подготвеност, бидејќи шумата во Кастањес е доста густа и движењето, би можело да се искористи и за да го одвлече вниманието на властите, но и нивната подготвеност, пишува „Катимерини” и додава дека денеска на грчко – турската граница ќе пристигнат Министерот за одбрана на Грција и Началникот на Генералштабот на грчката армија.