-Денеска не кревам паника, треба да се соочите со реалноста, после две недели дознавме дека буџетот не ни бил ликвиден, ниедна мерка не е навремена во делот на економијата, имате секојдневни прес конференции не од ВМРО-ДПМНЕ, од претставници на стопанските комори, од бизнис заедницата, луѓе се отпуштаат од работа, има судбини во раце на оваа влада, сакам да ве информирам дека доцна е уште пред две недели, затоа што нема влада во Европа којашто не донесе рестриктивни мерки или не предложи мерки за штедење,истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во дискусија вечерва со вицепремиерот Бујар Османи на Телма телевизија.
Муцуски критикуваше дека во 2018-та година власта донесе закон за кој во над 130 јавни претпријатија се именуваа заменици директори, веројатно се вработија и нивни возачи, секретарки, зошто владата сега не донесе уредба да престане да важи тој закон, да се скратат тие 130 вишоци во системот.
Тој вели дека другите влади имаат конкретни мерки коишто ќе ги направат за поддршка на малите и средните претпријатија, за соочување со општата ликвидност, а ние имаме економски тим којшто е изгубен во ситуацијава со корона вирусот.
-Господине Османи ние можеме низ една пријатна демагогија да се поставиме над состојбите, но факт е дека оваа криза со којашто се соочуваме денеска, во делот на економијата се соочуваме со една страшна и катастрофална состојба и огромна непредвидливост, му посочи Муцунски на Османи.
-На 12-ти март имав дебата со вицепремиерката Мила Царовска, тогаш бев обвинет дека креирам паника затоа што пробав да алармирам за кризата којашто следи, пред две недели буџетот бил ликвиден и немаше зошто да стравуваме, но увидовме дека иамем влада којашто ја игнорира реалност и вели „ќе“ се донесат,но „ќе“ не е доволно, се доцни, вчера требаше да се донесат мерки, поарачувам да се алармира економскиот тим и да ја увиди реалноста на состојбата, вели Муцунски.