Отава: Непотребно е распоредување на воени трупи на границата САД – Канада

Канада денеска им порача на САД дека е непотребно распоредување на воени трупи долж американско-канадската граница и покрај пандемијата со новиот коронавирус и оти таквата одлука ќе ги наруши билатералните односи.

Неименуван американски извор за „Волстрит џурнал” изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп во моментот не се занимава со тој план, а канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата Влада е во преговори со Белата куќа и се обидува да ја убеди да се откаже од таквата одлука.

– Канада и САД имаат најдолга демилитаризирана граница во светот и во интерес на двете држави е така и да остане, истакна Трудо.

Додека заменичката на Трудо, Кристија Фриланд оцени дека испраќање на американсаката армија на границата со Канада не е примерен третман за пријател и воен сојузник.

– Канада таквиот чекор би го сметала за штетен по нашите односи, посочи Фриланд.

Додека поранешниот американски амбасадор во Канада, Брус Хајман оцени дека испраќањето на американски војници на границата со Канада претставува злоупотреба на воените ресурси, како и опасно и неадекватно ангажирање на американските сили.

– Тоа нема ниту воена ниту економска оправданост, нема никаква смисол освен за Трамп и неговите политички цели, наведе Хајман.

Треба да знаете
Последни објави