Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер посочува дека „во зоната на жандармерија” (руралните средини), семејното насилство се зголемило за 32 отсто за една недела, јави дописникот на МИА.
Во зоната на жандармеријата, ова насилство се зголемило за 32 отсто за една недела, а дури за 36 отсто во областа на префектурата на полицијата на Париз.
За борба против ваквиот тренд, во аптеките ќе се постави систем за тревога за жени – жртви на насилство од нивните сопружници, најави францускиот министер.
За да им овозможи на жените жртви да повикаат помош, Кристоф Кастанер објасни дека со националниот ред на фармацевтите е решено да се воспостави систем во рамките на аптеките за да се алармира полицијата.
-Во аптека, кога жената што може да биде физички нападната оди без својот сопруг, потребно е да таа да може да алармира, рече тој.
Според него, ќе бидат дадени упатства за да може полицијата „итно да интервенира”, осигурувајќи дека борбата против семејното насилство е „приоритет”.