Еден од најпознатите супермодели во светот, Хајди Клум (46), се пожали пред десетина дена на социјалните мрежи дека не се чувствува добро.
Нејзиниот сопруг Том Каулиц (30) и таа биле тестирани на коронавирус, а тестот покажал дека се негативни.
„Се чувствувам многу подобро, ви благодарам на сите. Имав само посилна настинка и сè уште се обидувам да оздравам. На сите им испраќам многу љубов“, напиша Хајди на својот инстаграм-профил.
Многубројните обожаватели коментираа дека се среќни што супермоделот не е заразена.