Јакимовски напиша погрдни зборови и навреди кон Чомовски за интервјуто со Мицкоски
Претседателот на ГРОМ и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски, преку социјални мрежи изнесе погрдни зборови и навреди за новинарот и водител Гораст Чомовски поради интервјуто со Христијан Мицкоски за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
„Каква дрскост од оној Алија Малишановиќ – Горазд Чомоски. Кај нас во село велат видел на таквото урда па веднаш ќе прави бачило. Со направени неколку интервјуа си помисли кој знае кој е. Зошто е тоа така? Па затоа што е во друштво на арогантната власт што би рекле со Крокодилите. За жал со своето фациче наликува на жаба која се наоѓа меѓу очите на крокодилот и се поистоветува со него. Кога тој ќе ја отвори устата и кутрата жаба ја отвора мислејќи дека и таа ќе голтне голем плен, мислејќи дека и таа е крокодил. Во право се кога велат дека образованието ни ја уништува амо образовната, но не и воспитната компонента. Универзитетот дава образование, но не и култура и воспитување. Воспитувањето го даваат родителите. Онакво арогантно однесување со одбивање да се извини на повозрасен Господин од него, универзитетски професор и лидер на опозицијата и тоа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е незапамтено. Му честитам на Христијан на смиреноста, инаку малиот заслужи да го фати за прчестите ушиња малку да го поподигне и така на прсти да го исфрли во ходникот како што некогаш правеа учителите“,
напиша Јакимовски на Фејсбук.