Владата на Велика Британија најави итни мерки за помош за самовработените откако се соочи со зголемен притисок за да ја усогласи финансиската помош што им се нуди на другите работници за време на пандемијата со новиот коронавирус.
Британскиот министер за финансии Риши Сунак вчера најави дека Владата на самовработените ќе им плаќа оданочена дотација во износ од 80 отсто од нивната просечна месечна плата во последните три години.
Бесповратни средства се предвидени и за луѓето чии приходи изнесуваат до 50.000 фунти.