Институтот за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се потврдени 70 нови случаи на лица заразени со коронавирусот. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие 70, вкупниот број заразени сега изнесува 632. Од инфицираните со коронавирусот болнички се лекуваат 90 лица, а на интензивна нега се само 22 пациенти.
Како последица од Ковид-19 шест лица починаа.
Словенија е една од државите во светот со најголем број тестирања по глава на жител, па според податоците во земјата досега вкупно за коронавирусот се тестирани 18.369 лица.