Рано утрово во 3 часот и 37 минути, земјотрес ги разбуди жителите на Задар. Потресот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 11 километри од Задар.
Во првите информации од хрватскиот приморски град нема информации дали има повредени и материјални штети.
Во неделата, силен земјотрес од 5,5 степени по Рихттер го погоди и главниот град на Хрватска, Загреб. Во овој потрес беше повредено 15 годишно девојче кое подоцна почина.