Американците во многу држави, како Флорида, Охајо, Колорадо, Луизијана, ставаат кадифени мечиња на прозорците за да им ги олеснат и разубават деновите без училиште на најмладите, поради ограничените услови во време на пандемијата на коронавирусот.
Играта е инспирирана од книгата на Мајкл Роз од 1989 година „Одење во лов на мечка“, во која семејството тргнува во опасна мисија да најде мечка користејќи ја имагинацијата.