Во моментите кога грижата за здравствената благосостојба треба да биде на највисоко ниво, Општина Чаир останува фокусирана за да даде придонес во зајакнувањето на превентивните капацитети против вирусот Covid – 19 преку различни механизми на дејствување.
Така благодарение на хуманитарната подготвеност на компанијата Milaya Capital LTD предводена од бизнисменот Yasam Ayavefe, се обезбедија:
15 000 заштитни маски и средства за дезинфекција, кои ќе бидат во служба на институциите на емергентното дејствување и на граѓаните.