Словенечките медиуми за членството на Северна Македонија во НАТО

 Повеќето словенечките медиуми ја пренесоа информацијата дека Северна Македонија и официјално е полноправна членка на НАТО Алијансата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната Телевизија Словенија, во текст со наслов „Северна Македонија и официјално е 30 членка на НАТО” потсетува дека земјата со месеци ја чекаше ратификацијата од страна на шпанскиот Парламент.

– Следно ќе биде подигнувањето на знамето на новата земја членка пред седиштето на НАТО во Брисел, а во Скопје членството ќе се одбележи со почесна артилериска стрелба – објави Телевизија Словенија.

Поп ТВ, пак, се осврнува на долгогодишната соработа меѓу Северна Македонија и НАТО.

 

– Северна Македонија и Алијансата соработуваат уште од 1995 година кога земјата се приклучи на програмата Партнерство за мир, а условите за членство во НАТО ги исполни уште во 2008 година – пишува на интернет страницата на Поп ТВ.

ПОП ТВ ја пренесува и објавата на министерот за надворешени работи Никола Димитров во која тој пишува дека после децении чекање земјата е конечно во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави