– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер го честиташе членството во НАТО на Северна Македонија.
-Честитки до Северна Македонија за пристапувањето во НАТО, заслужен чекор. Сега со нетрпение очекувам блиска соработка со Северна Македонија за време на преговорите за влез во ЕУ, откако земјите членки дадоа зелено светло оваа недела за нивен почеток. Нејзината иднина припаѓа во ЕУ, напиша фон дер Лајен.