„Њујорк Тајмс“: С. Македонија чека да помине пандемијата за да се „офајди“ од бизнисот со канабис

Во изолирана индустриска зона во Скопје, во тек е изградба на куќа за одгледување канабис која, кога ќе заврши, ќе се протега на 55.000 метри квадратни. Со полн капацитет, ќе се соберат 17 тони марихуана годишно, во вредност од околу 50 милиони долари, пишува објави „Њујорк Тајмс“.

„Фармакон“, компанијата која стои зад оваа операција, има сè што е потребно за просперитетен бизнис, вклучувајќи и договори со купувачи во Германија, Полска и Велика Британија.

„Тие им рекоа на сите дека ова е огромна можност за нова индустрија. Тие рекоа дека ќе имаат изгласан закон за неколку месеци. Тоа беше пред скоро две години“, рече Златко Кесковски, кој работи за „Фармакон“.

Извозот на медицинска марихуана овде е легален од 2016 година. Но, до денес, законот дозволува само масла, екстракти и тинктури, кои, измерени според побарувачката, се само 30 отсто од пазарот…

Преземено од lokalno.mk

 

Треба да знаете
Последни објави