Светски познатиот готвач Гордон Ремзи (53) мораше да отпушти 500 вработени поради пандемијата што завладеа во земјата. Владата нареди сите ресторани во Велика Британија да бидат затворени привремено. Одлуката на шефот да подели откази ги шокира и ги раплака неговите вработени, пренесува „Дејли мејл“.
„Многумина од вработените беа во солзи поради неговата одлука, но најмногу од сè беше ужасен начинот на кој се однесуваше кон нас. Немаше предупредување. Бевме поканети на состанок и само бевме известени дека нашите договори веќе не важат. Беше толку брутално. Дури подоцна добивме имејл дека ќе ни биде платено за работата до 17 април“, рече готвачката Анка Торпук (28).
https://www.instagram.com/p/B6eRLUbhEt7/?utm_source=ig_web_copy_link
Анка вели дека сите вработени, вклучително и таа, работеле напорно за Гордон и тој ги оставил на цедило. Таа му порача на Ремзи дека се надева оти ќе може ноќе да спие мирно знаејќи дека многу луѓе поради него ги загубиле своите работни места во овие тешки времиња.
Тој на „Инстаграм“ им посака на сите да се грижат едни за други во овие тешки времиња и информира дека неговите ресторани не работат до понатамошно известување, но не кажа ништо за ситуацијата со отказите.
„Му се заблагодарувам на мојот персонал и им благодарам за сè. Се надевам дека сите ќе бидеме повторно заедно набргу“, напиша тој на крајот.
Богатството на Гордон се проценува на 140 милиони фунти, а неговите ресторани имаат вкупно 16 мишлин-ѕвезди.