Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил ја најави изградбата на монтажната болница на платото кај Инфективна клиника.
Со голем труд на инженерците од Армијата и град Скопје, теренот пред Инфективната клиника е подготвен. Тука следните денови ќе биде поставена маневарската болница на Воено медицинскиот центар. Така ќе ги дуплираме капацитетите на Клиниката за инфективни болести. Одлична меѓуинституционална соработка. Браво за сите! #ЗаштитиСе #СедиДома