Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика Британците да останат дома и најави построги мерки за борбата против коронавирусот.
„За мене е важно да бидам искрен со вас – знаеме дека работите ќе се влошат пред да се подобрат“, напиша Џонсон во писмото објавено од Даунинг стрит.
Писмото ќе добијат 30 милиони домаќинства оваа недела.
„Ги презедовме правилните подготовки и колку повеќе ги следиме правилата, толку помалку животи ќе изгубиме и толку побрзо ќе се вратат нашите животи во нормала“, истакна Џонсон.
Престојот дома и строгите правила за социјална далечина мора да се следат, предупреди Џонсон, кој самиот е заразен со коронавирус.
„Во ова време на национална криза, ве повикувам и ве молам да останете во вашите домови, да ја заштитите Националната здравствена служба (NHS) и да спасите животи“, додаде тој.