Во Бугарија денеска се регистритани нови 8 нови случаи на заразени со коронавирус, од кои сите се од Софија.
Бројот на заразени лица во главниот град изнесува 214, а вкупниот број заразени лица е 346.
„Од сите 346 случаи, 125 се хоспитализирани, а 13 се во одделот за интензивна нега“, изјави претседателот на кризниот штаб во земјата, Венцислав Мутафчииски, пренесе „БГНЕС“.
Досега во Бугарија починаа 8 лица, а нивната просечна возраст е 66 години.
17 од заболените се медицински персонал. Помеѓу денешните случаи, има заболено 6 медицински лица од Софија.
Поради топлото време, поголем број жители на Софија ги игнорираа мерките и денеска прошетаа низ парковите во градот, пишува бугарската новинска агенција.