Заматена е водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар”, поради дождовите и топење на снегот од повисоките места, задолжително е превривање пред употреба. За ова денеска информираа од Јавното претпријатие ,,Комуналец” од Кавадарци.
Оттаму додадоа дека во текот на утрешниот ден, ќе бидат дадени нови препораки, во зависност од тоа каква ќе биде состојбата со водата за пиење која се носи педесетина километри, од под планината Кожуф.