Албанскиот премиер Еди Рама денеска испрати уште една охрабрувачка порака до граѓаните за ситуацијата низ која поминува земјата со Ковид-19.
– Имајте доверба, ние сме на вистинскиот пат и утре ќе се гордееме со тоа како сме излегле од оваа проколната војна, се наведува во видео-пораката на Рама.
Тој додава дека досега се излекувани 40 луѓе и изрази огромна благодарност за „хероите во бели мантили”.
Во претходна објава тој реагираше за засилените мерки за кои бара, како што наведува илјадапати извинување и им ги простува на граѓаните упатените клетви и пцости.
– На сите Вас ви се извинувам илајдапати и им ги простувам клетвите и пцостите на оние кои не сакаат да ја видат реалноста, не сакаат да слушаат, не сакаат да разберат дека кога дури и најмоќните земји на планетата бројат стотици и стотици смртни случаи на ден,ние немаме друг начин освен зајакнување на мерките и национално единство да излеземе од оваа војна, посочи Рама.
Тој додаде дека се може да се регулира но „ животот не се дава двапати”.
– Сè може да се регулира, но животот не ни се дава двапати. И страдањата се забораваат, но починатите не може да оживеат! Значи, со благонаклонетост или без неа, сите ние мора да издржиме, зашто ова војна не се добива поинаку, порача Рама.
Тој ги потсети граѓаните дека од утре без посебна дозвола нема да можат да се излегуваат од дома..
Со одлука на Владата од утре ќе може да излегува само еден член од семејството и тоа еден час за да ги набави потребните прехрамбени и друг продукти и лекови. За пензионерите односно повозрасните граѓани излегувањето од дома е целосно забрането.