Силен земјотрес синоќа е регистран во близина на индонезискиот остров Сулавеси.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала на 64 километри северозападно од градот Пендоло, на длабочина од 10 километри.
Во земјотресот повредени се две лица и урнати се две куќи. Луѓето панично бегале и покрај апелите на властите да држат дистанца поради новиот коронавирус.