Бил Гејтс: Треба да се воведе карантин низ целата територија на САД

Коосновачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер, Бил Гејтс, истакна дека затворањето на државите една по една во САД не е добро решение за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Добрата вест е дека Кина направи сериозен карантин, поригорозен отколку што ќе направат најдобрите американски држави. После шест недели, тие почнаа полека да се отвораат и падна бројот на нови случаи. Тоа е многу добра вест. Значи, кога ќе ги разгледаме нивните броеви или на пример оние во Јужна Кореја каде ја ставија ситуацијата под контрола, јасно е дека САД се наоѓаат во тежок период. Можеме да воведеме карантин кој исто ќе трае од 6 до 10 недели, но тоа мора да се случи во целата земја. Мораме драматично да ги зголемиме тестирањата, да ја затвориме земјата и да го намалиме бројот на смртни случаи“, рече Гејтс.

Колку побрзо САД воведат карантин, смета тој, толку помали ќе бидат економските штети.

„После тоа, ќе добиеме економски проблем, затоа се препорачува да се реши проблемот што е можно поскоро, но затворањето држава по држава нема да помогне. Ние ќе имаме експоненцијален раст на случаите секаде каде што нема да имаме сериозен карантин“, рече Гејтс.

Треба да знаете
Последни објави