Евакуација со воз на болни од коронавирус од Истокот на Франција

Со хоспитализирани 3.777 лица, од кои 786 на интензивна нега и 757 смртни случаи, регионот Гранд-Ест (Источна Франција) е најпогодениот во Франција, а француските власти одлучија да бидат евакуирани дел од пациентите кон помалку погодените региони на земјата, јави дописникот на МИА.

Двете медицински ТГВ (возови со голема брзина) што евакуираат 36 пациенти за Аквитен, тргнаа скоро истовремено од станиците во Мулуз и Нанси околу 10:45 часот.

– Тие се пациенти „во состојба да бидат пренесени, без компликации. Тие се уште се интубираат, вентилираат, спијат и не треба да бидат ставени на стомаците за да можат да дишат, рече докторот Франсоа Браун, шеф на Службата за ургентни случаи во регионалниот болнички центар од Мец.

Од  Нанси беа евакуирани 24 пациенти на овој воз и тие веднаш беа пренесени од медицинскиот персонал кој е комплетно заштитен во возот.

Во Мулуз, друг медицински ТГВ треба да прими 12 пациенти, шест од нив се од теренската воена болница инсталирана од армијата, додека другите се од соседната цивилна болница.

– Војната ние најверојатно ќе ја добиеме по прашањето за кревети за реанимација, со нашиот капацитет на ниво на националната територија, ако ги користиме добро, на интелигентен, добро координиран начин, поддржувајќи се меѓусебно во рамките на регионите и меѓу регионите, оцени генералниот директор на Болничкиот центар од Мец, Мари-Одил Саилард. 

Треба да знаете
Последни објави